Свет 18. јуни 2020. / 15:57

Раб нема да клекне за поддршка на „Црните животи се важни“: Би клекнал само пред жена и пред кралицата

Раб нема да клекне за поддршка на „Црните животи се важни“: Би клекнал само пред жена и пред кралицата

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб смета дека клекнувањето пред некого, кое често го користат јавните личности во знак на поддршка на движењето „Црните животи се важни“, е симбол на потчинетост и подреденост и оти тој би го сторил тоа само пред жена и кралицата.

Тој рече дека нема да го следи примерот на фудбалерите и другите јавни личности кои го прават тоа за поддршка на движењето во борбата против расизмот, и додаде дека станува збор за личен избор, пренесува Скај њуз.

– Го разбирам чувството на фрустрација и немир што го предизвикува движењето “Црните животи се важни“. Ми се чини дека клекнувањето е симбол на потчинетост и подреденост, а не на ослободување и еманципација. Но, јас разбирам дека луѓето се чувствуваат поинаку поради тоа, така што тоа е прашање на личен избор, рече Раб.

Членот на Лабуристичката партија Деквид Лами реагираше на изјавата на Раб, оценувајќи ја како „навредлива и срамна“ за еден министер.

– Ако луѓето сакаат да клекнат, тоа е нивен избор и јас го почитувам. Сите ние мора да се обединиме за да се бориме против дискриминацијата и социјалната неправда, рече Лами.