Свет 01. април 2020. / 15:14

Путин се ракувал со лекар заболен со корона вирус

Путин се ракувал со лекар заболен со корона вирус

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска, соопшти Кремљ.

Одлуката е донесена само еден ден откако беше потврдено дека лекарот, кој минатата недела се сретна со Путин, е позитивен на корона вирусот.

Путин минатата недела посети болница во Москва, каде што се згрижени пациентите заразени со Ковид-19, при што се ракуваше со директорот на болницата, Денис Прошенко, кој сега е во самоизолација во својата канцеларија.

Кремљ додаде дека здраствената состојба на Путин е добра, но дека тој ќе држи дистанца од другите луѓе и ќе работи од далечина.

Во Русија досега се регистирани 2.777 лица заразени со корона вирусот, од кои 24 починаа, а 190 оздравеле.