Утрово британскиот весник „Сан“ ни пренесе податок дека рускиот претседател Владимир Путин планира да си поднесе оставка заради здравствени проблеми. На ова експресно реагираше Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој демантираше се во врска со ова.
Тој се чувствува одлично, изјави Песков пред новинарите.
Имено, утрово беше пренесена веста дека експерти за Кремљ рекле дека неодамнешните снимки покажуваат како 68 годишниот моќник има можни симптоми на Паркинсова болест, а упатените аналитичари тврдат дека девојката на Путин, Алина Кабаева(37) го моли да се ослободи од власта.
Посматрачите кои ги набљудувале неодамнешните снимки на Путин забележале дека нозете непрестано му се движат и изгледало дека го боли додека се фаќал за наслонот на столицата. Исто така се забележува дека прстите му се треселе додека држел пенкало или шолја за која се верува дека содржи коктел на лекови против болка.
Портпаролот на Кремљ ги негираше сите овие информации и ни пренесе дека Путин се чувствува одлично.