Рускиот претседател Владимир Путин во неделата ја пофали храброста на руските шпиони, по повод 100-годишнината од руската Служба за надворешно разузнавање (СВР).
-Им посакувам успех на сите што ја штитат Русија и нашиот народ од надворешни и внатрешни закани, кои го бранат нашиот суверенитет и нашите државни интереси, рече Путин во говорот во седиштето на СВР во Москва.
-Јас многу добро знам дека лојални и храбри луѓе работат во СВР, наследник на првата главна администрација на Советската служба за безбедност (КГБ), истакна тој.
Путин, и самиот поранешен агент на КГБ, кој во последно време ретко патува, положи венец на новиот споменик пред зградата на СВР.
-Се надевам дека Службата за надворешно разузнавање ќе продолжи активно да учествува во откривање и неутрализирање на можни закани за Русија, рече тој.