Свет 13. септември 2018. / 18:52

Путин: Русија ќе ја засилува својата армија за да може да го одбрани својот суверенитет

Путин: Русија ќе ја засилува својата армија за да може да го одбрани својот суверенитет

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе продолжи да ја засилува својата армија, за да може да го одбрани својот суверенитет и да ги поддржува сојузничките држави.

– Наша должност кон државата и татковината е да бидеме подготвени да го браниме нејзиниот суверенитет, безбедност и државните интереси, а ако биде потребно и да ги поддржиме и нашите сојузници. Поради тоа ќе продолжиме да ги јакнеме нашите вооружени сили, да ги опремуваме со најмодерното оружје и ќе продолжиме со меѓународната соработка, изјави Путин на воениот полигон Чугол на истокот на Русија, каде се одржуваат воените вежби „Восток 2018“.

Над 300.000 руски војници со 1.000 авиони и 36.000 тенкови и други оклопни возила учествуваат на воените вежби „Восток 2018“. Ова се најголемите маневри во историјата на модерна Русија.