Рускиот претседател Владимир Путин објави дека целиот месец април ќе биде неработен во цела Русија, но дека платите на работниците ќе бидат исплатат како да месецот да бил работен.
Одлучив да го продолжам режимот на неработни денови до 30 април – соопшти Путин во телевизиската изјава.
Како што вели рускиот претседател, мерката за прогласување неработни денови, која стапи на сила на 28 март, ќе им дозволи на институциите да добијат на време, затоа што епидемијата сè уште не го достигнала врвот ниту во светот, ниту во Русија.
Посочувајќи дека епидемијата има разновидни размери во различни делови на Русија, Путин изјави дека провинциските гувернери можат да одлучат кои бизниси ќе работат и колкав степен на изолација ќе воведат за своите граѓани.
До крајот на неделава провинциските гувернери мора да формираат посебен пакет превентивни мерки за нивните области во здравството и безбедноста на економски и инфраструктурен план – изјави Путин.