Свет 19. март 2020. / 17:11

Путин не сака да размислува што ќе прави по завршувањето на мандатот во 2024 година

Путин не сака да размислува што ќе прави по завршувањето на мандатот во 2024 година

Рускиот претседател Владимир Путин  смета дека е премногу рано да се размислува за неговиот статус по 2024 година, кога истекува неговиот тековен мандат.

Секој иден одговор ќе зависи од стремежот и аспирациите на народот. Не знам, ќе видиме. Јас сум уште четири години и немам одговор во моментов – изјави Путин на прашањето за неговиот статус по 2024 година.

Според него, најважен е ставот на мнозинството граѓани.

Тоа е прашање на доверба – вели Путин.

Вториот, шестгодишен мандат на Путин истекува во 2024 година. Путин (67) е на власт во Русија повеќе од 20 години.