Претседателот на Русија, Владимир Путин истакна дека за руските компании најчуствителното прашање во моментов е падот на побарувачката.
Освен побравучката, голем пад има и во целокупниот обем на малопродажната трговија, која за време на пандемијата на корона вирусот е намалена за дури 35 отсто.
Во моментов се нарушени бројни трговски врски, а многу компании заради ограничувачките мрки трпат огромни загуби. Тоа самото зборува дека пазарот се „намалил“. Тоа е и огромен шок за голем број руски компании – изјави Путин.
Истовремено, рускиот претседател истакнува дека Русија има ресурси и резерви за активна антикризна политика во ситуација на пандемија на корона вирусот.
Ресурсите, инструментите, резервите ги имаме. Потребно е максимално ефикасно да ги искористиме, за да можеме да го постигнеме саканиот ефект – порача Путин.