Рускиот претседател Владимир Путин најави дека руската морнарица до крајот на годинава ќе добие 40 нови бродови што ќе влезат во редовниот состав.
Путин ваквата најава ја даде за време на главната поморска смотра во Санкт Петербург.
Годинава, во редовниот состав на нашата морнарица ќе испорачаме 40 бродови од различни типови и класи. Борбените својства на овие бродови ќе бидат значително понапредни затоа што сите тие ќе бидат опремени со најнова, напредна дигитална технологија, хиперсонични борбени системи уникатни во светот, микро беспилотни подморници и најефикасни, автоматизирани системи за самоодбрана од непријателски напади – најави рускиот претседател.
Путин исто така потсети дека пред неколку дена морнарицата промовирала шест нови воени бродови, кои исто така се опремени со оружје со голема прецизност и дострел.