Свет 21. септември 2018. / 21:28

Путин и Вучиќ ќе се сретнат во Москва следниот месец

Путин и Вучиќ ќе се сретнат во Москва следниот месец

Претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, ќе се сретнат на 2 октомври во Москва, објави рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, пренесе „Танјуг“.

На средбата се очекува да бидат разгледани клучните билатерални и регионални прашања, а рускиот амбасадор оценува дека расположението е позитивно.

Претходно, Вучиќ преку социјалната мрежа „Твитер“ го пофали Чепурин за искрената заложба за градење на што е можно подобри односи помеѓу Русија и Србија.