Рускиот претседател Владимир Путин потпиша уредба за спроведување посебни економски мерки во врска со непријателското делување на Украина против граѓаните и правните субјекти на Руската Федерација , соопштува Кремљ.
Во уредбата се наведува дека е одговор на непријателското делување на Украина , спротивно на меѓународното право, поврзана со ограничувања протов граѓаните и правните субјекти на Руската Федерација.
Се додава дека Русија ќе ги укине посебните економски мерки , доколку Украина ги стави вон сила своите мерки против руските граѓани и компании.
На владата и е наложено да ги разработи мерките и списокот на лица на кои би се однесувале.
Руско – Украинските односи се влошија по 2012 со анексијата на Крим , а дополнително и со одвојувањето на Украинската од Руската Православна црква.