„Трамп и Путин до крајот на годинава ќе одлучат за Косово и Метохија. Ова е сериозна шанса да се дојде до решение. Залудни се опциите што ги нуди ЕУ, кога ниту една страна не се согласува на нив“, вели изворот за белградскиот весник Блиц.
Големи се шансите решението на косовското прашање да лежи во средбата помеѓу Трамп и Путин во Хелсинки, бидејќи двајцата лидери ќе разговараат на темата, пишува српскиот весник „Блиц“
„Европа нема ни сила, ни волја, ни можност да ги натера Албанците да направат нешто. Затоа идејата е по ова суштинско прашање за нас, да се договорат Путин и Трамп, а Европа да го прифати решението како конечно“, наведува изворот за „Блиц“ и додава дека сите очи се вперени во состанокот помеѓу рускиот и американскиот претседател, кој е закажан за 16-ти јули во Хелсинки.