Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон ги повикаа сите страни во Иран да покажат воздржаност.
– Рускиот и францускиот претседател изразија неопходност сите страни да покажат воздржаност и да се заложат за зачувување на нуклеарниот договор – соопшти официјален Кремљ.
Путин и Макрон разговарале и за решавање на конфликтот во Украина и ситуацијата во Сирија и се заложиле да ја продолжат комуникацијата во иднина.