Свет 25. мај 2018. / 21:34

Путин е подготвен за дијалог со Трамп

Путин е подготвен за дијалог со Трамп

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека неговата земја е подготвена за дијалог со Соединетите Американски Држави, но ја исклучи можноста во брзо време тој да се сретне со американскиот претседател, Доналд Трамп.

Говорејќи на економскиот форум во Сакнт Петербург, во присуство на францускиот претседател, Емануел Малрон, Путин изјави дека поради прашањата за Иран и Северна Кореја, средбата меѓу нив добива уште поголемо значење, но постојат проблеми што спречуваат да дојде до неа.

„Подготвени сме за дијалог со Трамп, но засега тоа не оди, се појавуваат многубројни проблеми“, изјави Путин.

Рускиот претседател го пофали Трамп дека ги исполнил предизборните ветувања, но рече дека не се согласува со одлуката за напуштање на нуклеарниот договор со Иран.

„Сепак, сѐ уште не е сѐ изгубено“, порача рускиот претседател.