Финската државна телевизија објави дека поради доцнење на претседателот на Русија, Владимир Путин распоредот на денешниот Самит со американскиот претседател Доналд Трамп би можел да биде сменет за 20 минути.
Според првобитните планови Путин требаше да слета во Хелсинки во 11 часот и 30 минути по средноевропско време, а половина час подоцна да пристигне во претседателската палата, додека Трамп беше планирано да прстигне 10 минути потоа, а билатералната средба да почне во 12 часот и 15 минути.
Колона црни автомобили се паркирани на финскиот аеродром Хелсинки-Ванта и се чека доаѓањето на Путин.