Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека се потребни вонредни мерки за да се спречи ширењето на корона вирусот кој има негативно влијание врз сите сфери на животот во сите земји на светот.
Путин, кој учествува на седница на Врховниот Евроазиски економски совет, што се одржуваше по електронски пат, додаде дека е потребна соработка на сите земји во борбата против епидемијата на корона вирусот.
Јасно е дека против епидемијата може да се бори само со заеднички напори на меѓународната заедница – порача Путин.
Рускиот претседател истакна дека исто така е многу важно членовите на Евроазиската економска унија да соработуваат во борбата против корона вирусот и додаде дека тој поддржува постигнување договор за таква соработка меѓу земјите од овој сојуз.
Во Русија досега има регистрирано 21.102 заразени со новиот корона вирус, од кои 1.694 пациенти оздравеле, a 170 починале.