Свет 03. септември 2018. / 12:13

Пукање во Калифорнија!

Пукање во Калифорнија!

Најмалку десет лица беа повредени во пукањето што се случи во станбен комплекс во американскиот град Сан Бернардино, потврди полицијата.

„Најмалку тројца повредени се во критична состојба“, изјави полковникот Ричард Лоуд.

Станарите на комплексот во кој се случило пукањето велат дека слушнале рафали, помеѓу 15 и 20 пукотници, известува Си-ен-ен. Голем број амбулантни возила се присутни на самото место на настанот.

Досега никој не е уапсен во врска со пукањето, ниту е познат мотивот.