Портпаролот на полицијата во Чикаго, Ентони Гулеми, изјави дека по синоќешната престрелка во локланата болница „Мерси“, напаѓачот бил убиен.
Четвори лица беа повредени синоќа во болницата кога вооружено лице отвори оган во една градска болница. Повредените се наоѓаат во критична состојба.
Според информациите на полицијата во нападот покрај повредените, најверојатно има и најмалку три загинати лица, вклучувајќи и еден полицаец и една докоторка. Дејна Лес, 25 годишна Американка со српско потеекло, е меѓу тројцата убиени во болницата. Била убиена случајно, во моментот кога излеегувала од лифтот.
Според информациите на тамошните медиуми дошло до кавга меѓу напаѓачот и сега починатата докторка, со која тој најверојатно бил во врска. Според медиумите најверојатно тие двајца претходно биле верени. Пред да почне да пука низ болницата напаѓачот влегол во вербален конфликт со докторката.
Засега не се знае дали тој се самоубил или бил застрелан од страна на полицијата.