Австриските медиуми вечерва јавуваат за експлозија и пукање пред синагога во центарот на Виена. Во нивните вести се наведува дека се слушнале неколку истрели во близина на Шведенплац по што едно лице се разнело со појас со експлозив.
Медиумите, исто така, објавија дека во инцидентот учествувале неколку напаѓачи по кои моментно се трага. Австриската полиција ги замоли жителите да го избегнуваат местото на настанот и поширокото подрачје околу верскиот храм.
Очевидци за австриската ОРФ сведочеле дека напаѓачите биле воорушени со автоматски пушки.
– Звучеше како експлозија, а потоа сфативме дека се пука. Потоа видовме лице како трча низ Зајтенстетен и дивјачки пука од автоматска пушка. Потоа сврте во правец на Шведенплац каде продолжи дивјачки да пука. Потоа пристигна и полиција, изјавија очевидци кои додадоа оти слушнале 50-ина истрели.
#Wien #Vienna #Austria #Schisserei pic.twitter.com/K22OXLnQh2
— Georgia_HGrabar (@GHG19hr) November 2, 2020