Свет 30. април 2019. / 18:21

Пукање на улиците на Каракас: Kонфликт меѓу војските на Мадурo и Гваидо

Пукање на улиците на Каракас: Kонфликт меѓу војските на Мадурo и Гваидо

За време на митингот, кој го предводеше лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гваидо пред воената база во Каракас, се слушнале пукотници, јавува Ројтерс повикувајќи на наводи на очевидци.

Државен удар во Венецуела – Опозицијата објави дека има поддршка од „храбрите војници“ во Каракас, а владата на Мадуро информира дека се справува со мала група „воени одметници“.

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го подржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Гваидо на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи. Тој изјави дека бил во воздушната база Каракас ла Карлота.

Националните вооружени сили донесоа исправна одлука, и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече Гваидо.

Со него е и опозицискиот лидер Леополд Лопез, кој денеска е ослободен од куќен притвор, откако беше прогласен за виновен за поттикнување на насилство за време на антивладините протести во 2014 година. Лопез во својот прв јавен настап повика на обединување на армијата и жителите на Венцуела. Рече дека го ослободиле припадниците на војската кои застанале на страната на Гваидо.

 Кога е потпишано помилувањето, помилувањето е потпишано денеска и денеска в зори воените сили ме ослободија. За внатрешност на земјата би им кажал на Венецуелците дека треба да излезат на улица. Добивме информации дека војници од различни воени единици, и мажи и жени во униформи се свесни дека мора да дојде до промена на власта на Венецуела и сите нив ги повикуваме да се вклучат во овој процес на обединување на вооружените сили со жителите на Венецуела. Ви благодарам, изјави Леополд Лопез, лидер на опозицијата.