Свет 10. август 2019. / 21:43

Пукање кон џамија во Норвешка – еден ранет

Пукање кон џамија во Норвешка – еден ранет

Едно лице е рането во пукање во џамија во близина на Осло, а осомничениот е уапсен, соопшти денес норвешката полиција.

-Едно лице е рането. Не ни е познато за какви повреди станува збор. Осомничениот е уапсен, а полицијата е на лице место, соопшти полицијата на Твитер.

Пукањето се случило во исламскиот центар Ал нур во Баерум, предградие на Осло.

Полицијата наведе дека нема информации за можни други напаѓачи.

-Еден наш службеник беше ранет со огнено оружје од страна на белец во униформа, изјави претставникот на џамијата Ирфан Муштаг за локалниот весник Будстика.