Свет 20. август 2018. / 18:13

Пукаат несрушените делови од мостот во Џенова, забрането движење во околикана

Пукаат несрушените делови од мостот во Џенова, забрането движење во околикана

Пристапот до куќите кои се наоѓаат под остатоците од срушениот надвозник во Џенова е блокиран поради пукање на источниот крај на бетонската структура, објави денеска противпожарната служба.

Луѓето евакуирани од куќите и становите под мостот, поради претпазливост, веќе не може да се враќаат назад по своите работи, изјави портпаролот на противпожарната служба, Лука Кари.

„Од структурата на надвозникот доаѓаат звуци поинакви од оние во изминатите неколку денови“, појасни тој.

Операциите во областа ги прекинаа и пожарникарите, но ќе продолжи расчистувањето на другите делови, како сувото корито на реката и железничката пруга, рече Кари.

Потрагата по исчезнатите заврши во неделата навечер откако беа пронајдени последните три тела, така што конечниот официјален број на загинати е 43 лица.

Надвозникот „Моранди“ се урна во вторникот за време на бура, а повеќе од триесет автомобили и камиони паднаа на земја од височина од 45 метри.

Се верува дека трагедијата била предизвикана од скината сајла во еден од бетонските столбови, рекоа инженерите кои ја испитуваа несреќата.