Свет 13. октомври 2019. / 14:32

Пуџдемон: Моите соработници ќе добијат затворски казни

Пуџдемон: Моите соработници ќе добијат затворски казни

Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави денеска дека очекува оти Врховниот суд во Мадрид идната недела ќе им изрече затворски казни до 15 години на дваесет функционери, меѓу кои и некои членови на владата со која тој претседавал.

-Би сакал да ги ослободат, не само за повторно да бидат со нас, туку и поради Шпанија. Би било тоа добра вест за Шпанија, за нејзината репутација на правна држава, за демократијата, за панија како држава која не суди таму каде што нема злочин и на чиешто правосудство може да му се верува – изјави Пуџдемон кој се наоѓа во егзил во Белгија.