Свет 29. август 2018. / 11:44

Првпат по 50 години кандидат се откажал од обуката за астронаут

Првпат по 50 години кандидат се откажал од обуката за астронаут

Кандидатот за астронаут, 34-годишниот Роб Калин, одлучил да ја напушти НАСА на половина од својата двегодишна обука во вселенскиот центар во Хјустон.

Портпаролката на НАСА, Бренди Дин, по одлуката на Калин, изјави дека тој си заминува од лични причини и дека вселенската агенција не може да дава многу информации, бидејќи ги почитува законите за приватност.

Дин додаде и дека оставката на Калин ќе стапи на сила в петок. Роб Калин беше дел од 12-те астронаути кои беа избрани минатото лето од вкупно 18.300 учесници кои се пријавиле на обуката.