Свет

Прво видео од болницата по спасувањето на децата од пештерата во Тајланд (ВИДЕО)

Прво видео од болницата по спасувањето на децата од пештерата во Тајланд (ВИДЕО)

Младите тајландски фудбалери кои по три недели беа спасени од пештерата, на северот од земјата, им се заблагодарија, на сите кои им помогнаа да излезат на површината, со традиционалниот тајландски позрав – споени дланки.

На снимката од болница се гледа како лежат во иста просторија, со маски на лицето. Децата моментално се наоѓаат во карантин, бидејќи докторите стравуваат од инфекција, поради што и забранет е физички контакт со родителите.

Родителите на групата која е извлечена прва во неделата, добиле дозвола да ги посетат, но морале да носат заштитна облека и да стојат оддалечени два метри од нив.

Едно момче од последната група, според докторите има инфекција на белите дробови, а сите други ги вакцинирале против беснило и тетанус.

Генерално децата се во добра состаојба, а претходно беше објавено дека младите фудбалери во просек изгубиле по два килограми од тежината.