Свет 15. август 2018. / 12:56

Први жртви на трагедијата во Џенова: Им заѕвонила на најблиските кога спасувачите ги ваделе нивните мртви тела

Први жртви на трагедијата во Џенова: Им заѕвонила на најблиските кога спасувачите ги ваделе нивните мртви тела

Првите идентификувани жртви во трагедијата која се случила вчера во Џенова, кога се сруши мостот, е тричленото семејство Робијано-Пичинино. Загинаа мајка, татко и нивното седумгодишно синче.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Роберто Робиано, неговата сопруга Ерсила Пичинино и нивниот син Самуел, загинаа кога нивниот автомобил падна од мостот од висина од 45 метри.

Тричленото семејство живеело во местото Кампомороне, недалеку од Џенова. Според „Ла Стампа“, семејството тргнало на одмор во Сардинија, кога се срушил делот од мостот на кој биле во тој момент.

Нивниот автомобил подоцна е пронајден во рушевините, а спасувачите за време на потрагата пронашле чадор против сонце и ќебе, како и телефон кој стоел на таблата со инструментите. Телефонот во тој момент заѕвонил, а на екранот пишувало „мама“. Никој од присутните не можел да се јави на жената која сакала да ги слушне најблиските.