Свет 09. март 2020. / 22:33

Први смртни случаи од коронавирус во Германија

Први смртни случаи од  коронавирус во Германија

Германските власти ги објавија првите две смртни случаи од коронавирус денес, јави ДПА. Тие се во западната провинција Северна Рајна-Вестфалија, најтешко погодената  од ширењето на вирусот.

Една од жртвите е 89-годишна жена во градот Есен, за која е потврдено дека во вторникот го заболила коронавирусот, јави БТА.

Претходно, еден локален службеник во државата Бранденбург изјави за ДПА дека меѓу 4.000 и 5.000 лица биле под карантин заради осомничен случај на коронавирус.

Институтот Роберт Кох, државен институт надлежен за контрола на болести и превенција во Германија, денес објави дека потврдениот број заразени лица е 1.112.