За време на последниот протест во Либан загинал еден демонстрант откако бил застрелан од војник. Тоа е првата жртва во Либан откако на 17 октомври почнаа масовните протести против власта.
Демонстрантите во Либан ги блокираа главните автопатишта користејќи запалени гуми, а поради протестите не работат училиштата, универзитетите и банките.
Демонстрантите излегоа на улиците откако претседателот Мишел Аун изјави дека се можни дополнителни одлагања за формирање на нова влада.