Во Велика Британија е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, објави весникот „Мирор“.
Починал повозрасен пациент со лоша здравствена состојба. Тој бил хоспитализиран откако бил позитивен на тестот на корона вирус, а се претпоставува дека се заразил во Велика Британија.
Ова е прв смртен случај во Велика Британија, по смртта на британскиот државјанин на 28 февруари на бродот „Дајмон Принцес“, кој се наоѓаше во карантин во близина на јапонското пристаниште Јокохама.