Обвинителството во Њујорк соопштило дека против поранешниот продуцент Харви Вајнстин, кој веќе е обвинет за силување и сексуално злоставување на две жени, е покренато уште едно обвинение за напастување на трета жена.
Новото обвинение се однесува на „присилен сексуален чин“ во 2006 година, додека првите две обвиненија се однесуваат на дела извршени во 2013 и 2014 година.
Повеќе детали не се соопштуваат, а од обвинителството навеле дека обвиненијата се резултат на храброста на жртвите да не молчат повеќе.
Шеесет и шестгодишниот Вајнстин, доколку биде осуден, може да добие минимална казна од 10 години затвор до максимална казна – доживотен зтавор.
Скандалот со сексуално насилство што му се препишува на некогаш угледниот холивудски продуцент покрена бран други слични афери во светот на шоубизнисот.