Свет 04. ноември 2019. / 22:00

Протести во Барселона поради пристигнувањето на шпанскиот крал

Протести во Барселона поради пристигнувањето на шпанскиот крал

Најмалку 2.000 демонстранти излегоа на улиците на Барселона во знак на протест против доаѓањето на шпанскиот крал Фелипе Шести.

Носејќи републикански знамиња и транспаренти со симболи на поддршка за независностa на Каталонија, демонстрантите го блокираа пристапот до конференцискиот центар каде членовите на шпанското кралско  семејство треба да им ги доделат на младите претприемачи наградите „Принцеза од Гирирона 2019“.

Некои гости не беа во можност да влезат во центарот навреме, пренесува АП.

Демонстрантите запалија фотографии од кралот и членовите на кралското семејство, барајќи од нив да заминат.