Повеќе илјади луѓе се собраа во Будимпешта на протести против изборниот систем, кој како што велат, на Виктор Орбан му обезбедил трет премиерски мандат.
Организаторите на собирот побараа ново пребројување на гласовите, слободни медиуми, нов изборен закон, како и подобра соработка со опозициските партии. Демонстрантите маршираа до зградата на парламентот во Унгарија извикувајќи „Ние сме мнозинство“, јави „Ројтерс“.Орбан победи на парламентарните избори во неделата, освојувајќи трет мандат за премиерската фотелја.