Проруската социјалдемократска партија Хармонија води на парламентарните избори во Латвија со 19,4% од гласовите. Прозападната либерална коалиција ФОР/Развој освоила 13,4% од гласовите.
Десничарската Национална алијанса, членка на влаеечката коалиција во заминување, зазема трето место со 12,6 проценти, а неа ја пратат уште две популистички партии – Нова конзервативна партија со 12,4% и КПВ со 11,5% од гласовите. КПВ е потенцијален коалиционен партнер на Хармонија.
Лидерот на Хармонија и градоначалникот на Рига, Нилс Ушаковс, веднаш изрази желба да успее да ја воведе својата партија во владата. Во трите претходни изборни циклуси, Хармонија е многу популарна меѓу русофилите во Латвија, а била најсилна самостојна партија, но не успевала да формира влада, бидејќи сите други десни партии одбивале да соработуваат со неа.
Претседателот на партијата на Зелените и селаните Аугустс Бригманис изјавил дека иницијативата за разговори за коалиција мора да дојде од десниот центар. Таа партија, чии член е премиерот во заминување Марис Кучинкис, освои 9,7% од гласовите.