Свет 07. ноември 2018. / 12:26

Пронајдени 15 деца во ладилник во камион во Велика Британија

Пронајдени 15 деца во ладилник во камион во Велика Британија

При претрес од страна на полицијата во камион на граничен премин во Велика Британија, било пронајдено 21 лице, вклучувајќи и деца на возраст под 12 години.

Групата на луѓе, која се смета дека доаѓа од Виетнам, се криела во ладилник меѓу шишиња со вода. Во камионот со кој тие илегално се превезувале имало ладилници кои биле полни со вода, а групата луѓе се криела во еден од нив.

Романец, за кого полицијата соопшти дека е возач на камионот, беше уапсен под обвинение дека помагал за нелегален премин на границите.

Децата кои беа пронајдени во камионот, за среќа, како што соопштија официјалните лица, немале потреба од медицинска помош, па затоа веднаш биле префрлени во социјалната служба.

18-годишно момче и 27-годишно девојче биле депортирани од Велика Британија. Другите четири деца се наоѓаат во центрите за имиграција додека не се испитаат нивните случаи.