Илјадници граѓани се евакуирани од квартот Остенд во германскиот град Франкфурт, каде што е сместено и седиштето на Европската централна банка, неколку часа пред пристугнувањето на екипи за демонтажа на голема бомба од Втората светска војна.
Бомбата од американско производство била пронајдена минатиот месец за време на конструкциски и градежни зафати.
Како што пренесува Асошиејтед прес, станува збор за експлозивно тело со тежина од половина тон, а од подрачјето се евакуирани повеќе од 16,500 лица.