Пред две години, професор по градежништво на Универзиетот во Џенова Антонио Бренчич рекол дека мостот кој се срушил е „градежно промашување со доста многу високи трошоци за одржување”.
Во интервјуто кое го дал уште во 2016 година рекол дека „недостаоците на мостот можат да ги се забележат и обичните луѓе, а не само експертите”.
И во друго интервју истата година, предупредил на проблемите на виадуктот Морнади.
Континуираните трошоци за одржување укажува на тоа дека за неколку години тие ќе ги надминат трошоците за реконструкција на мостот: „а тоа ќе биде момент кога ќе треба целосно да се сруши и изгради повторно”, рекол тогаш.