Свет 26. мај 2019. / 21:04

Проекции за Франција: Ле Пен го победи Макрон на европските избори

Проекции за Франција: Ле Пен го победи Макрон на европските избори

Десничарската партија Национално движење на Марин Ле Пен го победи претседателот Емануел Макрон на европските избори во Франција.

Ле Пен освои 23,2%, наспроти про-европскиот центристички Макрон кој доби 21,9% од гласовите, покажуваат излезните анкети на Франс2 ТВ.

Ако овие резултати бидат потврдени, ќе му наштетат на Макрон кој се стави во центарот на оваа изборна кампања, како шампионот на Европа и дефинирајќи го гласањето како егзистенцијална борба меѓу про-европските прогесивци и евроскетпиците – крајната десница.

Овие избори беа голем тест на средина од мандатот на Макрон, по 6 месечни демонстрации на Жолтите елеци и смртни случаи низ цела Франција.

Ле Пен порача дека ако победи нејзината партија, прва работа која ќе ја побара е оставка од Макрон.

Одзивот на овие избори е над 50%, што е историски рекорд, а и повисока излезност од преходните европски избори.