Свет 27. октомври 2018. / 18:59

Продолжува штрајкот на аеродромот во Брисел, откажани се 180 летови

Продолжува штрајкот на аеродромот во Брисел, откажани се 180 летови

Поради штрајк на вработените кои го пренесуваат багажот на бриселскиот аеродром, откажани се 130 од 550 летови, а до крајот на денот тој број би можел да се зголеми.

Како што пренесува сајтот „ХЛН“ денеска на аеродромот се очекува 70.000 луѓе, а во утре 74.000.

Штрајкот на вработените во компанијата „Авиапартнер“, која се занимава со превоз на багажот почна во четвртокот вечер, а вработените бараат работна облека и опрема.

Поголем дел од патниците на аеродромот чекаат во ходниците, а за поединци кои од утрото чекаат на аеродромот, поставени се кревети. Некои патници чекаат автобуси кои ќе ги пренесат во Амстердам, а аеродромот најави разговори со синдикатите кои се извиниле на патниците со надеж дека наскоро ќе постигнат договор.

Според најавите, штрајкот ќе трае до недела во 6 часот наутро.