Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 10.559 лица заразени со вирусот Ковид-19.
Како што соопшти Оперативниот штаб за борба против ширењето на корона вирусот, во Москва има 5.858 новозаразени, во Московската област 828, а во Санкт Петербург 312.
Кај 4.341 пациент нема клиничка слика на вирусот. Во последното деноноќие починати се 86 лица.
Вкупниот број заразени сокорона вирусот во Русија се искачи на 165.929 луѓе. Излекувани се 21.000, а 1.537 се починати.