Свет 17. јануари 2020. / 20:54

Сенатот од вторник ќе го разгледува импичментот за Трамп

Сенатот од вторник ќе го разгледува импичментот за Трамп

Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп ‘e продолжи во вторник, на21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот.

Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално почна во четвртокот.

Трамп во Сенатот ќе го бранат познати правници, меѓу кои и Кен Стар, специјален истражител во процесот на отповикување на демократскиот претседател Бил Клинтон во 1998 година и истакнатиот адвокат Ален Дершовиц.

Правниот тим на Трамп ќе биде предводен од правниот претставник на Белата куќа, Пет Сиполони и личниот адвокат на Трамп, Џеј Секулов, а ќе им се придружат советникот на Трамп, Пем Бонди и поранешниот независен правен советник Роберт Реј, објави Си-ен-ен.

Непартиската и независна владина агенција за надзор, што работи за Конгресот, во четвртокот донесе одлука дека претседателот го прекршил законот со привремено суспендирање на исплатата на воената помош за Украина, што веќе била одобрена од Конгресот, притоа вршејќи притисок врз Киев заради политичка корист.