Свет 05. април 2020. / 15:37

Проценка на надлежните: Бројот на жртви од Ковид-19 во Велика Британија може да надмине 20.000

Проценка на надлежните: Бројот на жртви од Ковид-19 во Велика Британија може да надмине 20.000

Со мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 бројот на починати во Велика Британија би можел да биде од 7.000 до нешто повеќе од 20.000, изјави Нил Фергусон, професор на Империал колеџ во Лондон и еден од учесниците во формулирањето на одговорот на британската Влада на корона вирусот.

– Имавме крива на зараза која експоненцијално растеше, и која во одреден момент ја прекинавме. Во моментов не сме во состојба да го мериме бројот на заразени, кои ќе дојдат со тестови на антитела и затоа правиме статистички проценки, а тука постои одреден степен на неизвесност – изјави овој епидемиолог.