Свет 26. декември 2019. / 10:24

Приврзаници на Моралес опколени во мексиканската амбасада во Боливија

Приврзаници на Моралес опколени во мексиканската амбасада во Боливија

Мексико соопшти дека боливиските безбедносни сили го зголемиле своето присуство околу резиденцијата на мексиканскиот амбасадор во Ла Паз каде што група поранешни министри и други функционери верни на соборениот претседател Ево Моралес побараа азил.

Војската во вторникот се собра околу резиденцијата на амбасадорот, соопшти мексиканското Министерство за надворешни работи и ситуацијата ја оцени како „опсадна состојба“.

Односите меѓу двете земји се затегнати откако Мексико му даде азил на Моралес, кога тој на 10 ноември поднесе оставка по немирите во земјата заради обвинувањата дека ги фалсификувал претседателските избори.

Моралес во меѓувреме замина за Аргентина и завчера најави дека ќе остане вклучен во политиката на соседна Боливија, наведуваат американските медиуми.

Боливискиот заменик министер за јавна безбедност Вилсон Сантамарија изјави дека на политичарите кои се наоѓаат во мексиканската Амбасада нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.

– Ги преземавме неопходните чекори за силите за безбедност веднаш да откријат било каква помош на бегалците за да ја напуштат земјата – изјави Сантамарија.