Свет 07. декември 2020. / 12:08

Приведени приближно 300 демонстранти на протестите во Минск

Приведени приближно 300 демонстранти на протестите во Минск

Белоруската полиција соопшти дека стотици демонстранти се приведени во неделата во Минск, на протест против претседателот Александар Лукашенко.

-Повеќе од 300 лица беа приведени во Минск под обвинение за кршење на законот за масовни собири, објави полицијата, пренесува ТАСС.

Според полицијата во Минск, мали групи демонстранти се собрале помеѓу пладне и 15 часот по локално време.

Во некои области, учесниците на неовластени собири се обидоа да го блокираат сообраќајот, а полицијата презеде мерки за да се спречат ваквите активности, изјави портпаролот на полицијата.

Тој додаде дека некои од приведените биле претходно одговорни за учество на неовластени митинзи. Според него, некои се спротивставиле на полицијата, за што се казнува со притвор до 30 дена.