Свет 13. февруари 2020. / 11:54

Приоритет на украинскиот претседател е крај на војната во Донбас во полза на Украина

Приоритет на украинскиот претседател е крај на војната во Донбас во полза на Украина

Новиот шеф на Кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека ставањето крај на војната во Донбас во интерес на Украина останува еден од приоритетите на претседателот, Володимир Зеленски.

За претседателот на Украина, за Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, еден од приоритетите секако ќе биде запирање на војната во Донбас во интерес на Украина. Оваа цел останува приоритет – порача Јермак.

Меѓу приоритетите што ги посочи Јермак на брифинг во Кабинетот на претседателот се и надворешната и регионалната политика и привлекувањето инвестиции.