Свет 15. јуни 2018. / 11:41

Приказна за која зборува светот – вака Ким Џонг-ун избегна отровно пенкало (ВИДЕО)

Приказна за која зборува светот – вака Ким Џонг-ун избегна отровно пенкало (ВИДЕО)

За севернокорејскиот диктатор Кимон-ун и американскиот претседател Доналд Трамп да потпишат договор, понудени им се две скапоцени црни пенкала. Стоеле на темнокафената маса украсени со цвеќе.

Познато е дека таинствениот севернокорејски диктатор има вработени кои пред него ја пробуваат сета храна и пијалоци за да не се отруе тој, но познато е и дека Ким е исклучително гадлив. Но, сепак било поприлично неочекувано дека и неговите пенкала некој детално ги чисти пред тој да ги земе во рака.

Човек облечен во црно одело и бели памучни ракавици со бела крпа детално го исчисти црното пенкало и внимателно го врати на подлогата. Ким сака да биде апсолутно уверен за својата безбедност.

Меѓутоа Ким на крајот воопшто не се потпишал со тоа црно пенкало и неговата сестра од сакото извлекла пенкало со кое Ким го потпишал докуменотот, не допирајќи го она кое било подготвено за него.