Свет 17. октомври 2019. / 17:16

При здружена операција, ширум светот уапсени 338 корисници на платформа за детска порнографија

При здружена операција, ширум светот уапсени 338 корисници на платформа за детска порнографија

Истражители од САД, Германија, Јужна Кореја, и други држави ја затворија до сега најголемата интернет страница за детска порнографија на даркнет.

При операцијата спасени се 23 деца изложени на постојани злоупотреби. Исто така уапсени се 338 корисници на платформата за детска порнографија во Велика Британија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Ирска, Шпанија, Бразил и Германија. Педофилите потекнуваат од 38 земји.

Платформата „Welcome to Video“ функционирала со посредство на анонимни уплати во биткоини. На платформата биле регистрирани еден милион биткоин адреси.

Запленети се осум терабајти податоци, од кои 250.000 детски порнографски видео снимки.

За управувањето со сајтот осомничен е 23-годишен Џонг Ву Сон од Јужна Кореја, кој во САД е обвинет по осум точки од обвинението.

Џонг е во затвор во Јужна Кореја.