Свет 18. ноември 2020. / 15:11

При рачното броење во Џорџија се пронајдени 2500 непребројани гласови

При рачното броење во Џорџија се пронајдени 2500 непребројани гласови

Новинар на ЕнБиСи (NBC), на својот Твитер профил објави информација дека при рачното пребројување на гласовите во сојузната држава Џорџија, се пронајдени 2500-2700 гласови кои останале непребројани.

Актуелниот претседател Доналд Трамп, веднаш ја презема оваа објава и на својот профил напиша дека најголемиот дел од тие гласови биле наменети за него.

Ова се случило во областа Флојд, чиј што Изборен одбор призна дека информацијата е точна.

– Во овој момент не можеме да знаеме со сигурност каде сме згрешиле и што тргна наопаку, изјави Мелани Конрад, член на одборот.

Официјалните резултати од пребројувањето се очекува да бидат познати до доцна вечерта. Во моментот, преостанати се уште 300.000 гласови кои треба да бидат пребројани.

Доналд Трамп и неговата кампања, пак, тврдат дека овие избори сепак ќе завршат со судска одлука во корист на Трамп и тој ќе го освои својот втор мандат.