Свет 04. август 2020. / 09:36

При бунт во затвор во Еквадор загинале девет затвореници

При бунт во затвор во Еквадор загинале девет затвореници

Деветмина затвореници загинале, а 20 се повредени во бунт во затвор во крајбрежниот град Гвајакил во Еквадор.

Генералниот командант на полицијата, Патрисио Кариљо на Твитер напиша дека „неколку полицајци се во критична состојба“.

Во соопштението на затворската управа се наведува дека тие мора да го преиспитаат управувањето со таа институција поради конфликтите меѓу бандите.

Управата посочува дека избувнувањето на немирите на групите демонстранти внатре и надвор од затворот е со цел „да ја дестабилизираат“ нивната работа.

Во затворите во Еквадор има околу 38.000 затвореници, што е за 30 проценти повеќе од капацитетот.

Поради п андемијата на корона вирусот, Еквадор одлучи да ги преиначи казните за помали прекршоци, со што е намалена пренатрупаноста, која пред здравствената криза беше 42 проценти над капацитетот.