Свет 31. јули 2018. / 16:33

При бомбашки напад во Авганистан загинаа околу 11 лица

При бомбашки напад во Авганистан загинаа околу 11 лица

Група вооружени лица, за кои се претпоставува дека се Талибанци, извршиле напад и врз градот Џалалабад, во источен Авганистан.

Најмалку 11 лица загинаа, а 37 биле ранети во бомбашки напад во областа Бала Блок, во авганистанската провинција фарах. Меѓу жртвите има жени и деца.

Група вооружени лица, за кои се претпоставува дека се Талибанци, извршиле напад и врз градот Џалалабад, во источен Авганистан.

Од локалната полиција велат дека при нападот има жртви, но дека засега нема податоци за нивниот број.