мериканскиот потпретседател, Мајк Пенс, се држи подалеку од претседателот Доналд Трамп, откако неговиот прес секретар беше позитивен на корона вирусот, потврди портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени.
Пенс вчера не присуствуваше на прес-конференцијата на Трамп, ниту во саботата беше на состанокот во Белата куќа со американските воени и претставниците на националната безбедност.
Ваквата реакција следува откако прес-асистентот на Пенс, Кејти Милер, минатата недела се тестираше и беше позитивна на корона вирусот.
Потпретседателот одлучи да оддржува дистанца во следните неколку дена – изјави Мекенени на прес-конференција во Белата куќа, додавајќи дека, сепак, Пенс ќе одлучи колку долго ќе трае ваквата ситуација.